Новости

Шоубиз

Кои се најбогатите светски ѕвезди според Форбс?

Шон Комбс или Паф Диди ја предводи листата на 100 најбогати ѕвезди за минатта година според листата на магазинот Форбс.

Листата е направена од ѕвезди кои припаѓаат на категоријата „познати личности“, а се музичари, актери, спортисти и риалити ѕвезди.

Иако првото место ги зачуди сите, сепак Шон Комбс најмногу заработил благодарение на повратничката турнеја, линијата за облека и договорот со познат производител на вотка.

Честа да биде најмлада на листата на топ 100 најплатените оваа година припадна на Кајли Џенер, која вреди импресивни 41 милион долари, додека најстаро лице на листата е Џуди Шеиндлин, на јавноста позната и како Judge Judy.

Во топ 100 влегоа и Џастин Бибер, Елен ДеГенерес, Адел и многу други, а еве ја и „златната десетка”.

1. Sean Combs (130 милиони долари)

2. Beyoncé Knowles (105 милиони долари)

3. J.K. Rowling (95 милиони долари)

4. Drake (94 милиони долари)

5. Cristiano Ronaldo (93 милиони долари)

6. The Weeknd (92 милиони долари)

7. Howard Stern (90 милиони долари)

8. Coldplay (88 милиони долари)

9. James Patterson (87 милиони долари)

10. LeBron James (86 милиони долари)

GOLD
To Top