Новости

Шоубиз

Концертот на Lenny Kravitz пред распродавање

Влезниците за концертот на Lenny Kravitz во Скопје од категориите партер и фан пит се распродадени!

Во овој момент се` уште во продажба има влезници за трибини од сите категории, но од Авалон советуваат да побрзате бидејќи и тие влезници се трошат брзо.

Имено, Lenny Kravitz е познат како музичар кој која трга на светска турнеја, секогаш носи со себе своја (во тој момент) најнова и најсовремена продукција.

Па така, во Скопје доаѓаат десет камиони, шест автобуси и тим од 60 луѓе кои се вклучени во оваа турнеја, додека од наша страна се бараат 160 луѓе да бидат подготвени во секое време да работат на поставување на таа продукција.

Сево ова е доказ дека Скопје ќе види многу големо шоу какво што Lenny Kravitz ќе одржи на сите свои концерти во рамките на Raise Vibration турнејата, каде што свири во сали со капацитет од 15.000 посетители па нагоре.

За концертот владее интерес во целиот регион, се најавуваат и доаѓања со организиран превоз од Грција, Србија и од Косово, па ве молиме доколку не сакате да го пропуштите овој концерт, што е можно побрзо да си набавите влезници.

GOLD
To Top