Новости

Шоубиз

Кончита Вурст објави дека има ХИВ

Победникот на Евросонг во 2014 година, Кончита Вурст (Томас Нојвирт), соопшти дека со години е ХИВ позитивен, а објавил затоа што поранешниот партнер му се заканувал дека тој податок ќе го изнесе во јавност.

„Денес дојде денот да се ослободам од големиот товар за остатокот на мојот живот: јас сум веќе со години ХИВ позитивен“, напиша Вурст на Инстаграм профилот.

Тој се одлучил на овој чекор затоа што еден поранешен го уценувал дека со оваа приватна информација ќе излезе во јавност, па одлучил сам да извести за болеста која ја криел.

„Во иднина никому не давам за право да ми се заканува и на таков начин да ми влијае врз животот“, порача.

Од поставувањето на дијагнозата, како што напиша, се наоѓа под медицинска терапија и тврди дека со години е под границата на заразеност, односно не е во состојба да го пренесе вирусот. Тврди дека во јавност излегол заради семејството кое го поддржувало од самиот почеток, како и пријателите.

„Излегувањето во јавност со таа информација е подобро отколку тоа да го направи некој трет. Се надевам дека ќе ги охрабрам луѓето и ќе направам чекор против стигматизација на луѓето кои, без да се виновни, се заразиле со ХИВ“, напиша Вурст.

heute ist der tag gekommen, mich für den rest meines lebens von einem damoklesschwert zu befreien: ich bin seit vielen jahren hiv-positiv. das ist für die öffentlichkeit eigentlich irrelevant, aber ein ex-freund droht mir, mit dieser privaten information an die öffentlichkeit zu gehen, und ich gebe auch in zukunft niemandem das recht, mir angst zu machen und mein leben derart zu beeinflussen. seit ich die diagnose erhalten habe, bin ich in medizinischer behandlung, und seit vielen jahren unterbrechungsfrei unter der nachweisgrenze, damit also nicht in der lage, den virus weiter zu geben. ich wollte aus mehreren gründen bisher nicht damit an die öffentlichkeit gehen, nur zwei davon will ich hier nennen: der wichtigste war mir meine familie, die seit dem ersten tag bescheid weiss und mich bedingungslos unterstützt hat. ihnen hätte ich die aufmerksamkeit für den hiv-status ihres sohnes, enkels und bruders gerne erspart. genauso wissen meine freunde seit geraumer zeit bescheid und gehen in einer unbefangenheit damit um, die ich jeder und jedem betroffenen wünschen würde. zweitens ist es eine information, die meiner meinung nach hauptsächlich für diejenigen menschen von relevanz ist, mit denen sexueller kontakt infrage kommt. coming out ist besser als von dritten geoutet zu werden. ich hoffe, mut zu machen und einen weiteren schritt zu setzen gegen die stigmatisierung von menschen, die sich durch ihr eigenes verhalten oder aber unverschuldet mit hiv infiziert haben. an meine fans: die information über meinen hiv-status mag neu für euch sein – mein status ist es nicht! es geht mir gesundheitlich gut, und ich bin stärker, motivierter und befreiter denn je. danke für eure unterstützung!

A post shared by conchita (@conchitawurst) on

GOLD
To Top