Новости

Шоубиз

Која е убавицата која го освои Бред Пит?

Како известуваат сите светски медиуми, Бред Пит многу се зближил со професорката и уметничката Нери Оксман. Тоа што сите го забележале е тоа дека оваа жена потсетува  многу на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли.

Нери Оксман, 42-годишна професорка и архитект, го запознала славниот актер преку заеднички познаници, кои ја препорачале Нери на Бред, откако по разводот со Анџелина сакал да се посвети на својата втора љубов – изработка на скулптури.

„Нивното пријателство сè уште не прераснало во романса бидејќи и двајцата се посебно внимателни, но од друга страна, тоа е многу повеќе од само деловна соработка. Бред е и тоа како заинтересиран да помине повеќе време во друштво на Нери, која го фасцинира“, вака блиски извори до Бред го објаснуваат нивниот однос.

Освен што е исклучително паметна и успешна, 42 годишната Нери Оксман е премногу убава, а со својот изглед потсетува на актерката Анџелина Џоли. Родена е во Хаифа, Израел во 1976 година од татко Американец и мајка Израелка. И двајцата родители и биле архитекти. Образованието го започнала во Ерусалим, потоа во Лондон, за во 2010 година да стане професор на МИТ.

„Пејџ сикс“ пишува дека двајцата поминуваат се повеќе време заедно, а се зближиле на заедничкиот градежен проект на кој двајцата работат.

„Тие двајца веднаш се споиле бидејќи делат иста страст кон архитектурата, дизајнот и уметноста. Бред е фасциниран со Нери и сака да поминува што повеќе време може со неа“, открива извор кој е многу близок до актерот.

Евротип
SNBROKER
To Top