Новости

Шоубиз

„Лице од Инстаграм“ – трета авторска песна од Божидар Николовски

„Лице од Инстаграм” е третата авторска песна на младиот битолски пејач, Божидар Николовски, за која тој вели дека многу се разликува од сите негови досегашни проекти.

„Долго време сакав и барав песна која што навистина ќе дели од се што досега сум работел но исто така во која ќе се пронајдам и самиот себе си. Добивав повеќе понуди за песни од различни автори но во ниедна не се пронајдов себеси, и поради тоа решив тимот кои што ќе ја прави песната да го составам сам, бидејќи сакав нешто урбано, нешто што може да парира на моменталните трендови, но сепак да се разликува од истите, а во исто време да има и мој печат. Така ја составив мојата мала екипа која што прави големи проекти. Во тимот додадовме и еден нов член, што се чувствува и по “Лице од инстаграм” а истата ја направија: Музиката и аранжманот, Мими Марковски, а текстот е на Дарко Јоцковиќ, додека како главна видео продукција се потпишува Дејан Трајчевски. Во песната учествуваа и моите соработници кои што ме поддржуваат од самиот почеток на мојата кариера а тоа се: Dance studio “EXPOSE” од каде се девојчињата кои што играат во спотот, а зад нив како кореографи се јавуваат: Ана Маркоска и Бобан Катароски.

Јас сум пресреќен и презадоволен со целиот проект бидејќи и звучи и изгледа онака како што замислував и мислам дека се пронајдов себе си, и мислам дека знам во кој правец сега ќе течи мојата музичка кариера. Јас сум горд на целиот проект, и на сите луѓе кои учествуваа во истиот. А на луѓето е на пресудат дали им се допаѓа или не, но едно е сигурно ќе уживаат и во звукот на “Лице од инстаграм” но и во визуелизацијата на истата“, вели Божидар.

GOLD
To Top