Новости

Шоубиз

Марк Цукеберг ќе земе двомесечно породилно за раѓањето на својата втора ќерка

Основачот на Фејсбук, најмоќната социјална мрежа, има право да здивне, така што Марк Цукерберг решил да земе два месеци одмор за да се посвети на семејството, односно за раѓањето на својата втора ќерка.

Цукерберг по вторпат ќе стане татко и соопштил дека поради тоа ја користи можноста да земе „породилен одмор“ во траење од два месеци. Едниот месец од одморот ќе го земе веднаш по раѓањето на ќерката, а ќе одмора и во текот на декември.

„Ќе бидам еден месец со Присила и девојчињата на почетокот, а потоа ќе го поминеме цел декември заедно“, напишал Цукерберг на својот профил на Фејсбук.
Тој, исто така, беше на двомесечно отсуство по раѓањето на првата ќерка Максима Чен Цукерберг во 2015 година.

Практиката во компанијата на Цукерберг е во вакви околности на вработени да им се даваат четири месеци одмор, кои можат да се искористат наеднаш или одделно.

Цукерберг и Присила Чен се запознале пред приближно 14 години, како студенти на универзитетот Харвард. Тие се зедоа во 2012 година, а по три неуспешни бремености нивната прва ќерка Макс се роди во 2015 година.

GOLD
To Top