Новости

Шоубиз

Младиот милионер доби илјадници пријави за „работата од соништата“, стигнаа и понуди за брак

Метју Лепре e 26-годишен милионер кој пред неполн месец објави јавен оглас за личен асистент на кој ќе му плаќа околу 52.000 долари за да патува со него низ светот и да престојува во најскапите хотели во светските метрополи.

Метју живее во Сиднеј, но со неговиот асистент би патувал во Јапонија, Дубаи и низ САД каде ќе одржува предавања во разни компании.

Освен што ќе треба да го придружува на патувањата, асистентот ќе треба и да работи на промоција на неговиот бизнис и неговиот имиџ, но и да ги води неговите профили на социјалните мрежи, како Instagram.

Автралиецот добил 40.000 пријави за оваа „работа од соништата“, а не изостанаа и романтичните понуди за врска, па дури и брак.

„Добив повеќе од 40.000 пријави од сите страни на светот, а од кандидатите дури 75% се жени, а само една четвртина мажи. Некои ми понудија и брак“, изјави Метју.

Тој додаде дека повеќето заинтересирани се од генерацијата милениумци кои во оваа работа гледаат можност да побегнат од секојдневната рутина.

GOLD
To Top