Новости

Шоубиз

Надал во октомври прави свадба

Еден од најдобрите тенисери во историјата, кралот на земја Рафаел Надал по 14 години врска со убавата Марија Перељо – Чиска  одлучил дека е време за судбинското „ДА“.

33 годишниот Рафа конечно решил да му стави крај на ергенскиот живот и со брак да ја официјализира својот љубов со Марија.

Шпанскиот тенисер во октомври ќе и го каже судбинското „ДА“ на Марија по дури 14 години во врска.

Шпанските медиуми откриваат детали од венчавката на годината.

-Рафа и Чиска ќе застанат пред олтарот на 19 октомври во Поленси, малото шпанско гратче на морскиот брег. Комплетниот луксузен комплекс на градот, во кој се вклучени, базен, приватни соби, дури и хелидром се изнајмени за  оваа прилика и ќе им бидат ставени на располагање на многуте гости, пренесе „Мајкорка дејли“.

Меѓу гостите на свадбата ќе има ногу познати лица од светскиот џет сет. На свадбата ќе пристигнат неколку фудбалери на Реал Мадрид, многу тенисери, пред се Шпанци со кои Рафа играл во репрезентацијата на мечевите од Девис купот.

На листата на гости го нема името на лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, што е очекувано за медиумите поради тоа што ниту Рафа не беше присутен на свадбата на Ноле.

Затоа место на оваа свечена манифестација е резервирано за шпанскиот крал Хуан Карлос кој приватно е одличен со Рафаел Надал.

Инаку, Марија Чиска е дипломиран економист и стручњак за финансии, таа веќе неколку години е директор на Хуманитарната фондација на Рафа Надал . Убавата Шпањолка не е типична жена на спортист, Марија нема профили на социјалните мрежи и ретко се појавува во јавноста.

GOLD
To Top