Новости

Шоубиз

Напредок кај Шумахер, веќе не е прикован за креветот

Mихаел Шумахер покажал подобрување и веќе не е прикован за креветот, велат последните информации за состојбата на поранешниот возач на Формула 1, пренесе Гонг.бг.

На 29-ти декември, ќе се навршат точно пет години откако Шумахер беше повреден за време на неговиот скијачки одмор и претрпе мозочни повреди.

Последните информации сепак покажуваат дека легендарниот возач веќе не е прикован за креветот, благодарение на интензивната рехабилитација, за која неговото семејство плаќа по 50 000 фунти неделно, пишуваат медиумите.

Михаел Шумахер на 3-ти јануари ќе наполни 50 години.

GOLD
To Top