Новости

Шоубиз

Најголемата хип-хоп група на сите времиња Ву-Танг Клан доаѓа на Си Стар Фестивал!

Најголемата хип-хоп група на сите времиња Ву-Танг Клан (Wu-Tang Clan) го потврди доаѓањето на Си Стар Фестивал, и тоа во рамки на големата странска турнеја на која ги распродаваат некои од најголемите арени во Америка и Европа! После настапот во Берлин, Лондон, Париз и другите европски метрополи, Ву-Танг доаѓаат и во Умаг, а нивниот настап на „Адико Тесла“ бината на „Си Стар“ ќе биде ексклузивен за целата централна, јужна и источна Европа! Во Истра се очекуваат десетина илјади фанови од целиот регион и бројни земји кои не ги опфати нивната овогодишна „Gods of Rap“ турнеја, во рамки на која одбележуваат 25 години од излегувањето на веројатно највлијателниот рап албум – „Enter the Wu-Tang (36 Chambers)“!

Преговорите околу настапот на Умаг траеја цели седум месеци, а главната причина е инсистирањето на организаторите на Си Стар цената на влезниците да биде максимално прилагодена за домашната и регионалната публика и да остане повеќекратно помала во однос на остатокот на нивната турнеја. Цената на влезниците за Си Стар со 50% попуст моментално изнесува 1999 денари за двата дена на фестивалот, а поради огромниот интерес од сите краеви на Европа, оваа цена ќе биде актуелна најкасно до 15-ти април. Ву-Танг се придружуваат на моќната музичка екипа од веќе потврдените изведувачи за Си Стар, во која се водечките техно изведувачи на денешницата Свен Ват (Sven Väthi ) и Нина Кравиц (Nina Kraviz), британската хип-хоп дива „Ај-ем-ди-ди-би“ (IAMDDB), добитникот на „Ibiza Awards“ наградата за најдобар техно диџеј Иларио Аликанте (Ilario Alicante), авторот на најпродаваните техно траки на „Битпорт“, Енрико Санџулијано (Enrico Sangiuliano) и многу други!

Ву-Танг Клан имаат продадено неверојатни 40 милиони албуми, додека светките медиуми имаат само пофални зборови за нив, па така „Ролинг Стоун“ магазинот ги нарекува „најдобрата рап група на сите времиња“, а „Ен-Ем-И“ вели дека се „едни од најдобрите музичари на деценијата“, додека „Факт“ додава како тие „ја редефинираа самата срж на хип-хопот“. За таа оцена се сложни и хип-хоп ѕвездите Кендрик Ламар (Kendrick Lamar), Снуп Дог (Snoop Dogg), Рик Рос (Rick Ross), АСАП Роки (A$AP Rocky) и бројни други, кои за Ву-Танг зборуваат само во суперлативи и ги посочуваат како нивно влијание. Не е тајна ни дека нивната музика има директно влијание на постарата гарда, како што се Џеј Зи (Jay Z), Нас (Nas), Снуп Дог (Snoop Dogg) и Ноториуc Б.И.Г (Notorious B.I.G).

Сањин Ѓукиќ, директорот на Си Стар фестивалот, истакна дека Ву-Танг Клан е состав со чија музика пораснаа генерации и кој ја обликуваше хип хоп сцената каква што ја гледаме денес: „Да се има големиот Ву-Танг Клан во полн состав на турнеја со која се одбележуваат 25 години од еден од најважните албуми во историјата е сам по себе музички, културен и туристички настан без репер! Вложивме многу напори оваа јубилејна турнеја, резервирана само за огромните арени во Америка и  Западна Европа, да ја преселиме на повеќе од 2000 километри и да ја донесеме во Умаг, па очекуваме вистинска инвазија на Стела Марис од нивните фанови од сите краеви на Европа!“.

Си Стар фестивал ќе се одржи на 24-ти и 25-ти мај во егзотичната лагуна Стела Марис во Умаг, со Welcome Party на 23-ти и  Closing Party на 26-ти мај. Фестивалските влезници по промотивна цена. Повеќе информации можете да погледнете на официјалниот сајт www.seastarfestival.com

GOLD
To Top