Новости

Шоубиз

Најпопуларната журка од Ибица доаѓа на ЕГЗИТ: Соломун +1 со големите „Тејл оф Ас“ на Денс Арена!

И минатото лето ЕГЗИТ подготви вистински „Аренамагедон“, но овогодишната програма на светски фамозната Денс Арена сепак го носи своето најјако издание досега! Веста дека Карл Кокс (Carl Cox) прв го објави своето враќање на еден од најголемите светски рејвови на отворено одекна ширум светот, а нему брзо му се придружија и сите водечки електронски ѕвезди на денешницата Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner), Амели Ленс (Amelie Lens), Масео Плекс (Maceo Plex), Џеф Милс (Jeff Mills), Шарлот де Вит (Charlotte de Witte), Борис Брејча (Boris Brejcha), Пеги Гу (Peggy Gou), Дакс Џ (Dax J), Моника Крус (Monika Kruse), Адриатик (Adriatique), Сатори (Satori), Јоханес Брехт (Johannes Brecht) и многу други. Оваа „галактичка“ екипа ќе ја комплетира никој друг, туку најпопуларниот музичар со потекло од овие простори, Младен Соломун (Solomun).

Популарниот шеф на хаус сцената оваа година доаѓа во својот популарен „+1“ формат со истоимена журка со која ги освои фановите кои од целиот свет доаѓаат да го слушаат на Ибица. Специфичната „Solomun +1“ забава во познатиот клуб „Пача“ во моментов се смета за најпознатата на шпанскиот остров кој е најважна дестинација за ноќна журка, а форматот во кој Младен секоја недела повикува еден специјален гостин со него да настапува цела ноќ, се покажа како полн погодок!

Духот на Ибица, со кој лежерно владее со години наназад, на ЕГЗИТ ќе го донесе со помош на не еден, туку двајца гости за оваа специјална пригода!

На Петроварадинската тврдина ќе му се придружи водечкото светско дуо на денешната техно и хаус сцена Тејл оф Ас (Tale of Us), кои секогаш му гостуваат на самиот крај на „Solomun +1“ сезоната, баш како и тој во финалето на нивниот серијал на „Afterlife“ журки, поради кој многумина овој „back2back“ пар го прогласија за моментално најбараниот на светот! Ова ударно трио во сабота, на 6-ти јули ќе ја „преземе“ командата над гигантската бина дури цели шест часа, и тоа прво поединечно, а потоа и на заеднички, двочасовен настап!

GOLD
To Top