Новости

Шоубиз

Најскапите вина и скапа декорација: Сите детали за гламурозниот роденден на ќерката на Цеца, погледнете колку ќе чини

Се подготвува гала роденден за кој многу ќе се зборува.

Младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ ќе организира журка на 30-ти мај во еден луксузен белградски ресторан, на која покани 120 лица. Се шушка дека за тоа ќе потроши околу 10.000 евра.

Младата пејачка која ги освои сите со својот хит „Рани“ на големо ја подготвува својата роденденска забава на која ќе бидат поканети семејството, пријателите и соработниците во еден елитен белградски ресторан.

Анастасија Ражнатовиќ уште сега изнајмила агенција која се занимава со организација на прослави, а како некој кој има истенчен вкус, таа води сметка за секој детал. Како за местото каде ќе се организира журката, па за декорациите и на крај и за нејзиниот стајлинг за таа ноќ.

„Поради обврските кои ги има околу промоцијата на новиот спот за песната „Рани“ Анастасија одлучи да ангажира агенција за организација на прослави. Им даде инструкции за тоа како сака да изгледа прославата. Декорацијата ќе биде во стилот на италијанските гламурозни прослави. Ќе преовладуваат бело-розеви моменти, а на секоја маса ќе има цветен аранжман посебно изработен за оваа прилика. На масите ќе има и свеќници во розева боја, а ќе се служат и најскапите вина. Во сето ова има голема поддршка од нејзината мајка Цеца, која се потруди на својата миленичка да и ја исполни секоја желба. Се шишка дека прославата ќе чини околу 10.000 евра“ – вели добро запознаениот извор.

GOLD
To Top