Новости

Шоубиз

„Најубавиот криминалец на светот“ Џереми ја раскина свршувачката

Богатата наследничка Клои Грин и „најубавиот криминалец на светот“ Џереми Микс се скараа на одморот во Дубаи, пишува британскиот таблоид Daily Mail.

27-годишната богаташка наводно сама се вратила во Монако, а Микс (35) продолжил во Лос Анџелес каде без прекин се забавува.

Извори блиски до популарната двојка велат дека двајцата ја раскинале свршувачката и дека Клои повеќе не го носи свршеничкиот прстен, што може да се види и на нејзините фотографии објавени на Instagram.

Клои и Џереми почнале да се расправаат во ноќен клуб во Дубаи, од каде Микс видно вознемирен си заминал сам и ја оставил Клои.

На почетокот на вечерта позирале за медиумите, но кога камерите не биле вперени во нив, изгледале многу дистанцирани еден од друг.

Клои и Џереми беа заедно година и пол, откако моделот поради наследничката ја остави сопругата со која има два сина.

Џереми Микс се прослави со полициската фотографија од апсење поради која ја доби титулата „најубавиот криминалец на светот“. Тој во 2016 година излезе од затвор и веднаш најде агент и доби понуди за ангажмани како модел.

Микс отслужуваше 27-месечна казна поради нелегално поседување на огнено оружје.

GOLD
To Top