Новости

Шоубиз

На Тамара ќе и биде врачен трофеј за најдобар женски артист на Евровизија

Македонската претставничка на овогодинешната Евровизија, Тамара Тодевска по гласањето на жирито освои прво место, а според гласовите на публиката го освои седмото место.

Сега, Тамара освои уште едно признание, односно прогласена е за најдобар женски вокал на Евровизија.

Вкупно 23,3 отсто од гласачите за најдобар женски вокал и го дале својот глас на македонската претставничка Тамара Тодевска.

Тамара убавите вести ги објави на својот Инстаграм профил, каде се заблагодари на сите кои гласале за неа.

https://www.instagram.com/p/BylGwTagONq/?utm_source=ig_web_copy_link

GOLD
To Top