Новости

Шоубиз

На Sea Dance пристигнуваат водечките техно изведувачи на денешницата: Richie Hawtin, Recondite и многу други

На Sea Dance заедно со Dance Arena пристигнуваат водечките техно изведувачи на денешницата: Richie Hawtin, Recondite и многу други!
Годинешното издание на Си Денс (Sea Dance) ќе одбележи светска ексклузива, бидејќи за прв пат во својата историја, познатата Денс Арена од Тврдината се спушта на една од најубавите плажи на Јадранот. Со легендарната бина од ЕГЗИТ фестивал стигнува и спектакуларната продукција, како и некои од најголемите имиња во историјата на електронската музика. Главните ѕвезди на оваа голема екипа се претходно најавениот глобален татко на техно движењето Свет Ват (Sven Vath), кому му се придружува еден од најпочитуваните електронски изведувачи и трикратниот добитник на наградата за најдобар светски диџеј Ричи Хотин (Richie Hawtin)! Настапот на Си Денс фестивалот ќе биде премиерно појавување во Црна Гора на оваа техно икона и револуционер, заслужен за бројни технолошки иновации на музичката сцена. Со него на главната сцена пристигнува и членот на легендарната издавачка куќа на Хотин – „Мајнус“ (Minus) и резидент на најголемите светски забави Џон Гајзер (Jon Gaiser). Уште едно од клучните имиња од Денс Арена доаѓа на Си Денс , но овој пат на морското издание на втората култна бина на Егзит – „Ноу Слип“ (No Sleep). Програмата на бессоната бина која се наоѓа непосредно покрај морскиот брег ќе биде предводена од познатиот германски продуцент Рекондајт (Recondite), чии настапи во живо се искуство за сите сетила, а неговиот богат музички опус го прави најбараниот изведувач на светската сцена. Во „Ноу Слип“ екипата на Си Денс фестивалот се наоѓаат и истакнатите домашни изведувачи, а први кои се впишани во годинешната програма се Дарко Милошевиќ, Техно Кликина, Проксимус, П.С., Сабинаа, Будо Шуковиќ и Никола Вуковиќ, и хрватската легенда на регионалната техно сцена Скептик, познат како Перо
Шестиот Sea Dance ќе се одржи од петок, 30-ти август, до недела, 1-ви септември на скриениот бисер на јадранското крајбрежје, Буљарица во Будва. Настапите до сега ги потврдија најуспешните музички продуценти на 21. век и еден од најбараните музички изведувачи во светот Дејвид Гета, таткото на глобалното техно движење и трикратен добитник на наградата за најдобар светски диџеј Свен Ват, водечкиот германски продуцент и диџеј Робин Шулц и француската клупска сензација, дуото Офенбах.

GOLD
To Top