Новости

Шоубиз

Незапамтен интерес за првиот соло концерт на Влатко Лозаноски во Скопје

Авалон продукција соопшти дека распродаден е половина капацитет во ВИП Арената за првиот соло концерт на Влатко Лозаноски.

„Имено, како што и очекувавме, интересот е навистина огромен.

Влезници купуваат обожаватели од сите генерации, од најмлади до најстари и истите се продаваат речиси во сите градови од Македонија.

Па така, очекуваме салата да биде исполнета до последно место со фанови кои навистина долго очекуваа да го видат својот миленик таму каде што му е местото, на голема сцена и со солистички концерт во Скопје“, велат од Авалон.

GOLD
To Top