Новости

Шоубиз

Неша Галија на петтото издание на најголемото музичко шоу во регионот – White Sensation Beach Festival

На 26 јули ќе се одржи ЈУБИЛЕЈНОТО петто издание на најголемото и спектакуларното музичко шоу, кое во 2015 за прв пат му се случи на Преспа и во знакот на бело ја сплоти Македонија на едно место…White Sensation Beach Festival…
Ѕвезда на настанот е НЕША ГАЛИЈА, српски пејач, музичар и композитор. Најпознат е како фронтмен на српската рок група Галија. Најпознати хитови на Galija се: Dodirni me, Mozda sam lud , Na tvojim usnama, Stare trube, Da me nisi, итн.

Настан достапен за сите, под отворено небо, a ветува озвучување и светлосни ефекти кои ќе допринесат за перфектна забава.
Огнометите и останатите ефекти ќе бидат вистински интересен декор на вечерта, а ноќното капење ќе биде предизвик за најхрабрите.
Модерната сензација White Sensation Beach Festival ја продолжува неговата традиција и дружба. Ова година се дружиме на место каде музиката и луѓето ќе придонесат атмосфера која не се заборава. Најголемата #WhiteSensation забава во регионот проследена со Galija.
Ќе настапат:

* локална поддршка
DJ JOSHEVSKI (dj n.joshevski)
Extravaganza

DJ Ricardo

Продажбата на влезници започнува на 1ви јули преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 200 ден, а на влез картата ќе чини 300 ден. Организиран превоз од Битола и Ресен до Претор.
Се гледаме на Relax Beach Resort заедно да испишиме нов лист на една нова успешна приказна 🙂

GOLD
To Top