Новости

Шоубиз

Обдукциите не откриле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Заврши обдукцијата над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат како ди- џеј Авичи. Резултатот од обдукцијата не покажал ништо сомнително во врска со неговата смрт, јавува шведската телевизија СВТ, повикувајќи се на неименуван извор.

Берглинг почина во петокот, во Мускат, главниот град на Оман. Локалната полиција изврши две обдукции, а изворот тврди дека убиство како причина за смртта, е исклучено.

Подготовките за преместувањето на посмртните останки на ди-џејот во неговата родна Шведска се при самиот крај.

GOLD
To Top