Новости

Шоубиз

Оливер Драгојевиќ откри дека боледува од тешка болест

Легендарниот сплитски пејач Оливер Драгоевиќ потврди дека е тешко болен. Иако не сакаше да открие за каква точно болест се работи, во сплитска клиничка болница наводно дијагностициран му е рак на белите дробови.

Драгоевиќ потврди во изјава за хрватските медиуми дека е болен и дека во процес се многу испитувања за да се утврди со кои методи треба да се лечи.

 

-Да точно е дека имам некаква маса на плуќата, но сеуште не се знае точно за што се работи. Не можам за дијагнозата ништо да потврдам. Тквито постои на тестовите и верувам дека се ќе биде во ред, позитивен сум. – изјави Драгојевиќ.

Во изјава за 100posto додава дека неговата болест не е предизвикана од пушење туку од старост.

Евротип
Евротип
To Top