Новости

Шоубиз

Погледни го краткиот филм „EXIT Freedom“ и спреми се за најголемата фестивалска година досега!

Денеска сме на точно половина пат од изминатиот до следниот Exit, а сѐ уште актуелниот носител на титулата најдобар европски фестивал следниот собир под темата EXIT Tribe го закажа од 4-ти до 7-ми јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Минатогодишниот фестивалски потфат EXIT Freedom собра повеќе од 355.000 луѓе на пет фестивали во пет земји во регионов, додека само EXIT фестивал го посетија речиси 200.000 музички поклоници. Минатогодишната тема опфатена е во истоимениот краток филм „EXIT Freedom“, а во прашање е своевидното премотување на возбудливите моменти од минатиот EXIT фестивал преку визурата на протагонистите која ја доловуваат младите актери од новосадската Академија на уметностите Ѓорѓе Митровиќ, Николина Вујевиќ, Ненад Поповиќ, Аница Петровиќ, Невена Неранџиќ и Огнен Никола Радуловиќ, додека режијата ја потпишува Јелена Митровиќ, а монтажата Лазар Николиќ. Во духот на празниците и во очи на најголемата фестивалска година досега, сите кои до 24-ти јануари ќе го споделат филмот на Фејсбук со хаштагот #EXITfilm можат да освојат и вредни награди, од влезници и бекстејџ пропусници, па до комплетни патувања на некои од шесте Егзитови фестивали оваа година!

Овој краток филм нѐ води низ музичкиот лавиринт од над 40 зони и бини ширум тврдината, каде настапуваа бројни светски ѕвезди како што се Migos, Grace Jones, David Guetta, Ziggy Marley, Alice Merton, Martin Garrix, Fever Ray, French Montana, ZHU, LP, Nina Kraviz, Richie Hawtin, Dog Eat Dog, Maceo Plex, Solomun, Amelie Lens, Sevdaliza, Jax Jones, Ofenbach, Adam Beyer b2b Ida Engberg, Helena Hauff, Ben Klock, Joseph Capriati, Slaves, Idles, My Baby, Carl Craig, Tale of Us, Kolsch, DJ Tennis, Daniel Avery, Rødhåd, Disciples, Burak Yeter, Madball, Brujeria, Mahmut Orhan, Slapshot, Asphyx, Bombers и бројни други!

И оваа година стигнуваат стотина изведувачи од сите делови на светот, а порано од било кога, познати се и првите изведувачи кои ги предвоват рок гигантите The Cure, највпечатливиот рокенрол бенд на денешницата Greta Van Fleet, најпопуларниот диџеј на сите времиња Carl Cox, водечкото светско диџејско дуо Dimitri Vegas & Like Mike, славниотPhil Anselmo кој со својот нов бенд The Illegals ќе изведе специјален сет сочинет исклучиво од песните на Pantera, њујоршкиот тандем Sofi Tukker, оперската метал дива Tarja,славниот ска состав The Selecter, новосадските херои Atheist Rap, како и култните бендовиArcturus, Entombed A.D, Peter and the Test Tube Babes и Total Chaos.

GOLD
To Top