Новости

Шоубиз

Почина Арета Френклин, кралицата на соул музиката

Легендарната соул пејачка Арета Френклин почина на 76 години. Таа беше хоспитализирана на 13 август “во сериозна здравствена состојба”, во Детроид, а за неа се грижеше семејството.

76-годишната пејачка ги откажа планираните концерти претходно оваа година поради здравствени проблеми, и и беше препорачано од лекарите да се одмори два месеци. Арета, боледуваше од рак.

Минатата година Френклин ги најави своите планови да се повлече од турнејата по објавувањето на новиот албум.

Добитничката на 18 Греми награди е една од најпродаваните уметници на сите времиња и е примен во  Rock and Roll Hall of Fame во 1987 година.

Во 2017 година, Френклин изјави за локалната станица WDIV Local 4 во Детроит дека ќе се пензионира откако ќе соработува на нов албум со Стиви Вондер.

-Ќе снимам, но ова ќе биде мојата последна концертна година, изјави Френклин лани.

GOLD
SN Finansii
To Top