Новости

Шоубиз

Почина Лук Пери, ѕвездата од „Беверли Хилс“, на 52 години

Лук Пери го напушти овој свет. Актерот, најпознат по улогата на Дилан во серијата „Беверли Хилс“, почина во болница во Бурбенк, Калифорнија. Имаше 52 години.

Минатата седмица Пери доживеа мозочен удар и оттогаш беше хоспитализиран. За жал, не успеа да закрепне.

Editorial use only
Mandatory Credit: Photo by Snap/REX/Shutterstock (390866dw)
FILM STILLS OF ‘BEVERLY HILLS, 90210 – TV’ WITH 1991, LUKE PERRY IN 1991
VARIOUS

Претставник за јавноста соопшти: „Актерот Лук Пери почина денес откако доживеа масивен мозочен удар. Беше опкружен од неговите деца Џек и Софи, свршеницата Венди Медисон Бауер, поранешната сопруга Мини Шарп, мајката Ен Бенет, очувот Стив Бенет, братот Том Пери, сестрата Ејми Кодер и други блиски роднини и пријатели.“

Лук имаше долга и успешна кариера во филмската индустрија. Во 90-тите години фановите го следеа во „Беверли Хилс, 90210“, а последниве две години во „Riverdale“. Тој има и мала улога во „Once Upon a Time in Hollywood“, филмот кој Квентин Тарантино го снимаше со ѕвездена екипа, а чија премиера е закажана за јули.

 

GOLD
To Top