Новости

Шоубиз

Почина „Роби Ротен“ од серијата „Мрзливиот град“

Исландскиот актер Стефан Карл Стефансон кој го играше ликот на „Роби Ротен“ во серијата „Мрзливиот град“ почина на 44 година од рак на панкреасот.

На Стефансон му беше дијагностицирана болеста во 2016 година, кој потоа му беше отстранет со операција.Напредувањето во лечењето актерот често го споделуваше на социјалните мрежи, а токму таму во март објави дека болеста повторно се врати и не може да се оперира.

– Дури откако ќе ви кажат дека наскоро ќе умрете сфаќате колку е краток животот. Времето е најважната работа во животот, бидејќи никогаш не се враќа, напиша актерот тогаш на социјалните мрежи.

GOLD
To Top