Новости

Шоубиз

Почина познатата актерка Дајен Керол

Наградуваната сестрана уметничка Дајен Керол почина на 84 годишна возраст, потврдија од нејзиното семејство.

Номинирана е за Оскар, а славата ја стекнала како прва афроамериканска актерка која имала главна улога во ТВ серија, а да не игра член од послугата.

Ќерката на актерката рекла за медиумите дека нејзината мајка почината денес во Лос Анџелес од рак, пренесува „АП“.

За време на својата долга кариера, Керол ја доби Тони наградата за мјузиклот „No Strings“, а номинирана е за Оскар за улогата во филмот „Клодин“.

Дајен Керол е најпозната по улогата во серијата во која ја играше Џулија Бејкер, болничарка чиј маж загинал во Виетнам а која е емитувата од 1968 до 1971 година.

Благодатение на серијата Џулија, Керол ќе остане запаметена како прва афроамериканска актерка која имала главна улога во ТВ серија, а да не игра член од послугата.

GOLD
To Top