Новости

Шоубиз

Почина српската актерка позната по улогата во „Жикина династија“

Српската актерка Јелена Јовановиќ Жигон почина вчера по кратко боледување, јавува РТС.

Актерката родена на 3 ноември 1933 година, снимила над 50 играни и 15 телевизиски филмови.

Најголема популарност таа стекна со улогата на Јелена Тодоровиќ во филмскиот серијал „Жикина династија“.

Добитник е на наградата „Златен прстен“ за најдобра актерка во 1961 година и многу други.

GOLD
To Top