Новости

Шоубиз

Протест на ѕвездите поради Оскарите, се кренаа и Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт де Ниро

Џорџ Клони, Бред Пит и Роберт Де Ниро вчера го поддржаа протестот во Холивуд против плановите на организаторите на Оскар, наградите за најдобра фотографија, монтажа и други категории, да се доделат за време на емитувањето на реклами на церемонијата,која се одржува следната недела.

Сандра Булок, Ема Стоун и Џон Хам, исто така, го поддржаа отвореното писмо на режисерот Мартино Скорсезе, Спајк Ли и Алфонсо Куарон, кои повикаа на промена на одлуката која ги навредува професионалците во тие категории.

Академијата за филмска уметност и науки на почетокот на неделата објави дека доделувањето награди за неколку категории ќе се одржи за време на емитувањето реклами во директна емисија на 24-ти февруари.

Планирано е кратките снимки од говорот на победниците во тие категории да се емитуваат подоцна за време на директниот пренос.

GOLD
To Top