Новости

Шоубиз

Ракометот е тимска игра – „Со љубов Стефанија“

Топол поздрав до вас мои драги гледачи. Повторно имаме емисија која ќе даде поддршка на спортот и ќе ви презентира една прекрасна тимска игра која нас како македонски навивачи ни е добро позната, а тоа е ракометот!

Моја гостинка која ќе ја симне маската на оваа сцена е младата и талентирана ракометарка Викторија Мурговска!

***

Дали доволно им обрнуваме внимание на благодетите кои ни ги дава природата?

Како всушност правило да го конзумираме овошјето?

  • Најдобро е да се конзумира наутро, како прв оброк во денот и тоа да биде сочна овошка, како цитрон, портокал, јаболко, праска… А сувите овошја не се конзумираат наутро.
  • Овошниот оброк секогаш треба да биде на празен желудник и никогаш во комбинација со друг тип на намирници, особено не со животински намирници.
  • Овошјето нека биде единствен оброк во текот на првиот дел од денот, онолку колку што ни е потребно зависно од моменталната состојба (зголемена психичка или физичка работа), односно се конзумира во тоа време кога сме гладни.
  • Свежите цедени сокови се уште подобар избор, идеален начин за целосна абсорпција на сите хранливи материи кои ги содржи плодот, но треба да се обрне внимание да се конзумираат веднаш, за да се избегне нивна оксидација. Нивната абсорпција започнува уште во усната шуплина.
  • Не е добро да конзумираме купечки сокови, тие се конзервирани, не ја поседуваат хранливата моќ. Бидејќи овошјето е брзо сварливо, телото веднаш е снабдено со енергија и брзо ги исфрла токсините.
  • До пладне да не практикуваме да конзумираме напитоци како што се кафето, какаото, особено не алкохол, затоа што тие го попречуваат овошјето соодветно да биде прифатено од страна на нашиот организам, а со јадењето на овошје ќе ја добиеме сета потребна енергија за секојдневните активности, нема да ни е потребен дополнителен стимул.
  • Во моменти кога имаме желудочни киселини при конзумирање на овошје, тоа е знак дека органите за варење страдаат од несоодветната исхрана, прејаденост и прекиселеност на организмот.

Препорака на нашата нутриционистка е најпрво неколку денови да ја средиме исхраната, неколку дена телото да пости, за потоа да можеме да направиме конзумација на овошје.

Се се сведува до нашите навики, ние ги создаваме нив, а потоа тие владеат со нас!

***

„Ракометот е тимска игра. Има 7 играчи во секој тим и целта е  едниот тим да постигне повеќе голови. Основните елементи во ракометот се: додавање и примање на топка, движење на телото во одбрана, финти за да се надигра одбраната. Тренингот започнува со загревање индивидуално или преку некаква игра (кај деца најчесто се практикуваат игри), загревање со топка, загревање со шут на голман, во зависност од тренингот се вежба одбраната или нападот и на крај истегнување. Истегнувањето е еден од најважните делови од тренингот. Доколку мускулите не се вратат во првобитната состојба настануваат воспаленија и повреди. Пред тренинг сакам да сум одморена, да бидам доволно хидрирана и добро да се нахранам. Ракометот не е игра во којашто еден ја има главната улога. Има стрелци во тимот, ги има оние кои прават асистенции, има играчи кои се феноменални во одбрана, има играчи кои се брзи во контра и полуконтра. Секој може да си најде соодветна улога во тимот.“ Викторија Мурговска, тренер и ракометарка.

***

Да ја почувствуваме вибрацијата која ни ја праќа природата.
Да се конектираме со спектарот од бои кои ни ги нуди и да ги исполниме нашите очи со зелениот спокој.
Да се сконцентрираме на шумот кој го предизвикува ветерот и на жуборот во својот тек кој реката го создава.
Да ги слушнеме птиците, кои неуморно создаваат мелодии. Синилото на небото нека ни биде водилка на слободната мисла.
Да го погледнеме сонцето и да му дозволиме да не исполни со бескрајна среќа.
Да се потсетиме на едноставните нешта и да ја смириме нашата душа, огледувајќи се на мирот кој природата го создава.
Да се потсетиме на едноставните нешта, за да се пренесеме во универзумот, за да се напиеме од изворот на чистата љубов.
***

Честите прошетки во природа, спортувањето и поголемата конекција со неа можат да ни
направат огромен психофизички баланс.

Па што мислите?

Зар не е подобро да ја следиме светлината и да се насочиме кон позитивната страна на животот?

 

До следното видување,

Со љубов Стефанија.

* Целосно издание на Емисија бр. 7:

GOLD
To Top