Новости

Шоубиз

Сара Џесика Паркер – иконата од „Сексот и градот“! Пребрзо старее или можеби е во прашање некоја болест?

Сите ја знаеме како Кери од „Сексот и градот“. Како девојката со страст, широко срце, високи потпетици и пред се девојката која се чини дека никогаш нема да остаре. Но, дали тоа навистина се случува во реалноста?

На црвениот тепих на Мет Гала вечерта, Сара Џесика Паркер секако дека изненади со нејзиниот прекрасен аутфит со потпис од Долче и Габана, но изненади и со нешто друго. 53 годишната актерка и веќе од поодамна модна икона и инспирација за многумина, разочара повеќе фанови со нејзините видливи подочници, брчки и изгужвана стара кожа. Се чини дека актерката пребрзо старее, а на што се должи тоа, можеме само да претпоставуваме. Помеѓу бројните коментари од нејзините фанови на социјалните мрежи стои и тврдењето дека таа пуши по 40 цигри на ден, а еден од нив, ќе искоментира:„ Боже, па таа изгледа како никогаш да не се напила чаша вода, а да не зборуваме за било каков витамин!“

Дали актерката пребрзо старее или можеби станува збор за нешто подлабоко и поболно, можеме само да претпоставуваме. Но, ако е првото… Хм…би и ја препорачале таа чашка вода, би и ги забраниле цигарите и ајде да не вртиме од околу. 21ви век е:„Сара можеш да си дозволиш некој хируршки зафат! Ахам, да! Баш од оние „естетските“ пластични операции! Или во крајна рака, време е за промена на шминкерот! Па што се мора се мора! “

 

 

GOLD
To Top