Новости

Шоубиз

Саша Поповиќ официјално стана пензионер

Како што пишува српскиот портал курир.рс, Саша Поповиќ  од 1 ноември официјално е пензионер.

Директорот на „Гранд продукција“ во април наполни 65 години што значи дека по законот немал никави препреки да поднесе барање за пензија.

Одговорот од надлежните пристигнал пред неколку дена, а во него пишува дека Поповиќ ги исполнува сите услови за пензија.

Како што тврдат блиски пријатели на директорот, тој нема намера да се повлече и да оди во пензија.

„Не знаеме колку точно има стаж, претпоставуваме дека е повеќе од 35 години. Таа пензија во материјална смисла не му значи ништо бидејќи  финасиски е обезбеден“ вели изворот.

Не е познато колку Поповиќ ќе зема пензија, но се претпоставува дека ќе биде пристојна сума.

„По правилата и законите, оние кои работеле на директорски позиции, пензија примаат од 80 000 до преку 100 000 месечно, но јас не знам колку ќе изнесува пензијата на Поповиќ. Тоа зависи од неговиот работен стаж, како и на кој начин ги плаќал придонесите пред да го формира „Гранд“ , вели соговорникот.

Од прес службата на „Гранд“ ги потврдија овие информации

„Саша Поповиќ го оствари правото на заслужена пензија, но тоа нема ништо да промени во неговите професионални и креативни активности бидејќи останува на чело на „Гранд“, пишува во соопштението.

За потсетување, Поповиќ пред неколку месеци изјави дека немера да се повлече и да оди во пензија.

GOLD
To Top