Новости

Шоубиз

„Свој“ – нова песна на Божидар Николовски

Битолчанецот Божидар Николовски ја промовираше својата втора авторска песна насловена „Свој“.

„Како комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот се потпишува Мими Марковски, но морам да признаам дека во пишувањето на текстот учествував и јас. Првичната идеја да се направи автобиографска песна за моја втора авторска песна беше моја, со оваа песна сакав публиката подобро да се запознае со Божидар Николовски, но исто така и да дадам поддршка, утеха но и мотивација на сите оние кои започнуваат со своја кариера без разлика во која сфера е тоа. Спотот е сниман во Скопје и Охрид кои во исто време покрај Битола се моите два омилени градови, зад видео продукцијата се потпишува Дејан Трајчевски. Навистина сум среќен и горд на целиот овој проект кој што наиде на навистина одлични реакции. Секојдневно од сите страни добивам огромна поддршка, и позитивни коментари и за мене што е до некаде најбитно е тоа дека сите кои што ја слушаат песната ја сфаќаат пораката од самата песна но и се пронаоѓаат во истата. Навистина сум среќен поради тоа! Се надевам дека и на читателите на Шеталиште ќе им се допадне,“ вели Божидар.

GOLD
To Top