Новости

Шоубиз

Северина оперирана, две недели мора да мирува

Северина утрово ги вознемири своите обожаватели кои редовно ја следат на Инстаграм објавувајќи фотографија од болничка соба која за кратко време ја избриша. Нејзиниот пиар, Давор Гргин, информира дека хрватската поп-ѕвезда имала рутинска операција поради која ќе мора да мирува во наредните две недели.

– Станува збор за рутинска операција на хернија која веќе подолго време ѝ создаваше проблеми во секојдневниот живот. Минатото лето болките стануваа неиздржливи, па мораше да откаже и повеќе закажани настапи. Операцијата помина во најдобар ред и Северина веќе е пуштена на домашно лекување – откри Гргин за „Индекс“.

GOLD
To Top