Новости

Шоубиз

Се е подготвено за концертот на Лозано

После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје. Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот.

Популарното дуо Next Time и Магдалена Цветкоска ќе настапат заедно со Влатко Лозаноски на големиот концерт на 23-ти март во ВИП арената, како специјални гости. Ова денеска на конференција за новинарите го соопшти Лозаноски кој истакна дека едвај чека да дојде денот на концертот и многу е возбуден бидејќи картите се продавале со голема брзина.

Oчекувано, интересот е навистина огромен, влезници купуваат обожаватели од сите генерации, од најмлади до најстари и истите се продаваат речиси во сите градови од Македонија. Па така, очекуваме салата да биде исполнета до последно место со фанови кои навистина долго очекуваа да го видат својот миленик таму каде што му е местото, на голема сцена и со солистички концерт во Скопје.

Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман.

 

 

GOLD
To Top