Новости

Шоубиз

Се очекува до 30.000 публика на концертот на Стинг – Влатко Стефановски специјален гостин

Светската музичка ѕвезда Стинг на 2 јуни годинава ќе настапи на градскиот стадион во Скопје. Концертот е во рамки на неговата турнеја „My songs“, а специјален гостин ќе биде Влатко Стефановски.

Од Авалон информираат дека во рамки на настанот „Skopje Calling“, Стинг ќе понуди несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на „The Police“ и од соло кариерата.

„Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само неколку од песните што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња. Според информациите што ги добивме, скопскиот концерт на Стинг е најпродаван од сите досегашни концерти што се објавени во рамки на неговата „My songs“ турнеја во Европа што трае три месеци, рече Ивана Нолчева од Авалон.

Оттаму додаваат дека ова е нивниот најамбициозен проект и дека очекуваат околу 25 до 30 илјади публика, зашто рокенролот е одбрана музика и тоа е реална посетеност за државата и блискиот регион.

GOLD
To Top