Новости

Шоубиз

Се сврши премиерката на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, се сврши со својот долгогодишен партнер Кларк Гејфорд, кој ја побарал за сопруга за време на велигденските празници, соопшти денеска нејзиниот портпарол, Ендрју Кембел.

Гејфор (41) е водител на ТВ-емисија за риболов и се грижи за нивното 10-месечно бебе, додека Џасинда (38) ја води државата, пренесува „Ројтерс“.

Нејзината бременост, која беше објавена на почетокот на минатата година, многумина ја сметаат за симбол на напредок за жените на раководни позиции. Таа е втора жена лидер која се породила за време на нејзиниот мандат. Првa била пакистанската премиерка Беназир Буто во 1990 година.

Вестите за веридбата се прoширија откако новинарите денеска за време на јавен настан забележале дека Ардерн носи прстен на средниот прст.

Портпаролот Ендрју Кембел потврди дека премиерката го носи прстенот од Велигден. Тој не наведе детали за тоа на кој начин Ардерн го добила предлогот за брак.

Двојката првпат се сретнала пред шест години кога Гејфорд отишол да се жали на член на парламентот поради владин предлог за измена на закон.

Тој налетал на Џасинда, која била ѕвезда во подем во Лабуристичката партија, пиеле кафе и набргу потоа почнале да живеат заедно.

GOLD
To Top