Новости

Шоубиз

Славенички концерт на Електрични Оргазам

Авалон Продукција со задоволство најавува:
„Нашите стари пријатели Електрични Оргазам во рамки на нивната славеничка турнеја која е по повод 40 години од основањето на бендот, ќе имаат свој концерт и во Скопје на 26-ти март, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар.

Еден од најкултните, најавангардните и најдобрите југословенски бендови на сите времиња, по навистина подолг период доаѓа во Скопје и време е да се собереме на едно место, сите ние коишто многу добро знаеме што значи Електрични Оргазам за музиката.“

Влезниците по цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба во вторник (11.02.2020 година) во 09 часот наутро, а достапни за купување ќе бидат во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн.

Време е да игра рокенрол цела Македонија!

Важно: Се одржува само еден концерт во МКЦ!

GOLD
To Top