Новости

Шоубиз

Сопругата на Џорџ Клуни стана специјален пратеник на британската влада

Адвокатката за човекови права, Амал Клуни , позната како сопруга на холивудаската ѕвезда Џорџ Клуни , е именувана за специјален пратеник за слобода на медиумите.

Британскиот Форин офис денеска објави дека Амал Клуни е именувана за специујален пратеник за слобода на медиумите. Таа заедно со британскиот министер за надворешни работи , Џереми Хант, ќе се борат против драконските закони кои ги попречуваат новинарите да си ја вршат својата работа.

Амал нема да биде платена за нејзината работа , сепак рече дека е почестена од функцијата.

Хант, изјави дека во целиот свет насилството над репортерите е во алармантен пораст. Амал која има британско и либанско државјанство , до сега била успешна во справувањето со случаи на кршење на човековите права.

GOLD
To Top