Новости

Шоубиз

„Спајс Грлс“ ја најавија турнејата: Ќе настапуваат без Викторија Бекам

Наместо пет, ќе бидат четири, но сепак ќе одат на турнеја. Легендарната британска поп група „Спајс Грлс“ се обединува за новата турнеја, на која ќе настапува без Викторија Бекам, еден од основачките членови на групата.

Мелани Чизхолм, Мелани Браун, Ема Бантон и Гери Хорнер (екс Халивел) ќе одржат шест концерти во Велика Британија како дел од повратната турнеја на групата „Спајс Грлс“.

Првиот од шестте концерти ќе се одржи на 1 јуни 2019 година на Итихад стадионот во Манчестер, а како поддршка на групата ќе настапи и британската пејачка Џес Глајн.

Во видеото кое го објави групата не се споменува отсуството на Викторија Бекам. Извештајот за медиумите вели дека Викторија се фокусира на нејзината модна линија, што и не е чудно ако се земе предвид тоа што таа отсекогаш беше отворена за нејзиниот недостаток од музички талент.

GOLD
To Top