Новости

Шоубиз

Тамара Тодевска ја изведе „Proud“ за Нина, девојката со Даунов синдpом

Годинашната евровизиска претставничка, Тамара Тодевска ѝ приреди на Нина Костовска незаборавно изненадување со песната „Proud“.

Таа се појави во нејзиниот дом и предизвика бура од емоции кај оваа прекрасна девојка.

Нина е родена со Даунов синдром. Кога се родила, докторите им рекле на нејзините родители да не се надеваат дека ќе постигне нешто во животот.

Денес, таа самостојно обучува наставници и професори во нашата земја како да се справат со децата со попреченост.

GOLD
To Top