Новости

Шоубиз

Тамара влезе во финале!

За среќа, не моравме да чекаме многу. Името Северна Македонија водителите први го прочитаа. После шест години, нашата земја конечно се пласираше во финалето на Евровизија.

Во финалето влегоа и:

Холандија

Албанија

Шведска

Русија

Азербејџан

Данска

Норвешка

Швајцарија

Малта

Тамара ќе настапи на финалето кое ќе се одржи на 18 мај, сабота кога ќе пеат 26 земји, по десет од двете полуфиналиња, претставникот на земјата домаќин Израел, и претставниците на големата петорка: Шпанија, Германија, Италија, Франција и Велика Британија.

Последен македонски претставник што пеел во финалето на Евросонг е Калиопи. Таа во 2012 година пееше во Баку, Азербејџан, со песната „Црно и бело“, а најдобар пласман имала Елена Ристеска со „Нинанајна“.

 

GOLD
To Top