Новости

Шоубиз

Трамп по деветти пат стана дедо

Ерик Трамп (33) и неговата сопруга Лара (34) добија момче. Му го дадоа името Ерик Лук Трамп. Претседателот на САД, Доналд Трамп, стана дедо по деветти пат.

Синот на Трамп, Ерик (33), и неговата сопруга Лара (34) станаа денеска родители за првпат. Лук Трамп им се придружи на децата на чичко му Доналд Трамп Јуниор, кој со сопругата Ванеса има пет деца.

Тетката Иванка Трамп, пак со Џеред Кушнер има три деца, објави Си-ен-ен. Јуниор му честиташе на својот брат што на крај „влезе во клубот“. А тетката му посака добредојде на бебето велејќи дека едвај чека да го запознае.

Пред само недела дена Лара Трамп во вежбалница прокоментира дека вежбањето „ја инспирира да го роди бебето“.

Евротип
SNBROKER
To Top