Новости

Шоубиз

Уште едно кралско бебе: По Меган Маркл, и Кејт Мидлтон е бремена

Главна тема во британските медиуми последниве денови е наводната бременост, четврта по ред, на војвотката од Кембриџ. Во април минатата година, сопругата на принцот Вилијам го роди третото дете, принцот Луј, а деновиве се спекулира дека убавата Кејт Мидлтон е повторно бремена.

Злобниците коментираат дека со новата бременост Кејт сака да ја утврди доминацијата во кралското семејство, бидејќи нејзината јатрва Меган Маркл, со која наводно не е во добри односи, напролет ќе го роди првиот наследник на принцот Хари.

GOLD
To Top