Новости

Шоубиз

(Фото) Се очекуваат 60.000 посетители на 19-то издание на музичкиот фестивал Exit

Под мотото „Exit Tribe“, во Нови Сад започна 19. издание на музичкиот фестивал Exit кој ќе трае до 7 јули, а организаторите оваа година очекуваат да го урнат рекордот на посетители и туристи.  Нивните очекувања се дека над 60.000 посетители ќе дојдат на годинашното издание од 90 земји од светот.

Дожд, гужви на влезовите и британскиот бенд “The cure“ го одбележаа првиот ден на фестивалот.

Публиката сите четири вечери ќе има можност да се забавува на повеќе од 40 фестивалски сцени и зони.

На денс арената оваа година ќе има голем број светски познати Диџеи, имајќи предвид дека на Exit оваа година доаѓаат дури 30 проценти повеќе странски туристи од претходната година. И поради таа причина зголемена и е понуда од страна на организаторот на фестивалот.

Како и секоја година, голем број Македонци дојдоа со организиран превоз или со сопствени возила да бидат дел од фестивалот.

GOLD
To Top