Новости

Шоубиз

Хари и Меган – разделени на првиот Ден на вљубените како семејство

Британскиот принц Хари и војвотката на Сасекс Меган ќе го поминат разделени првиот празник на вљубените како сопруг и сопруга.

Британските медиуми цитираа порака од Кенсингтонската палата. Изјавите на палатата јасно покажуваат дека принцот Хари ќе го помине својот прв Ден на вљубените како семеен човек подалеку од неговата сопруга.

На Денот на вљубените, војвотката од Сасекс ќе ја посети воената база за обука во Норвешка. Војвотката на Сасекс Меган, која го очекува своето прво дете во пролет, нема да го придружува својот сопруг во ладните услови и ќе остане дома во Велика Британија.

Блиски до кралското семејство сметаат дека е можно принцот Хари да го направи потребното, за да ја исполни својата обврска во текот на денот и да се прибере навреме за романтична вечера со сопругата на нивниот прв Ден на вљубените како семејство.

GOLD
To Top