Новости

Шоубиз

Хајди Клум се омажи за 17 години помладо момче

Манекенката Хајди Клум тајно се омажи за нејзиното момче Том Кулиц кое е 17 години помладо.

Иако пред олтарот застанала на  22 февруари, на годишнината од нивната врска, моделот и поранешен член на германската група Tokio Hotel добрата вест ја откри дури сега.

Откога почнаа да излегуваат Том и Хајди се неразделни, што повторно го докажа завчера во Париз, на презентација на парфемот “7 љубовници” на  Карин Ротфелд , каде што цело време се држеа за раце.

https://www.instagram.com/p/BzEIsg0ppnB/?utm_source=ig_embed

Двојката привлече медиумско внимание поради разликата во годините, но Хајди истакнува дека нема проблем со тоа.

“Мојот дечко е многу години помлад од мене, но јас не се грижам. Мислам дека само треба да се живее среќен живот и да не се грижиш за она што луѓето го мислат, бидејќи тоа создава непотребна грижа. Том ме прави среќна жена. Со него е различно отколку што беше во претходните односи , мислам навистина сериозно “, изјави таа за InStyle минатата година откако Том ја побара за жена.

https://www.instagram.com/p/BzHGOhcJ8jY/?utm_source=ig_embed

Инаку, ова е трет брак на убавата Германка. Пред Том, беше во брак со Пипин Рика, а потоа со музичарот Сил со кого има три деца – 14-годишниот Хенри, 12-годишниот Јохан и деветгодишната ќерка Лу.

GOLD
To Top