Новости

Шоубиз

Холивудската актерка ја губи битката со тешката болест

Американската актерка Селма Блер (47) во август минатата година откри дека боледува од мултиплекс склероза.

По кратко време откако и беше поставен адијагнозата и докторот и кажал дека има хронично воспаление на централниот нервен систем , Селма реши со своите пријатели на социјалните мрежи да ги споделува интимните моменти на болка , тешката терапија , губењето на косата… Тогаш јавноста дозна дека ѕвездата на „Суровите намери“, „Харвардска русокоса“ и „Хејбој“ скоро 15 години се бори со болки во телото и замор, дека ги запоставила симптомите, честопати и паѓале предмети од рацете , но таа ги припишувала ваквите симптоми на нејзината несмасност. Се додека не паднала пред пријателка која ја натерала да оди на темелен лекарски преглед.

„Имам мултиплекс склероза. Оневозможена сум. Понекогаш паѓам. Работите ми паѓаат од рацете. “, напиша Блер на својот Инстаграм, откривајќи ја својата болест пред фановите со најава дека ја прекинува актерската кариера поради лекување.

Набргу потоа, таа се појави во ,,Добро утро Америка” , каде и раскажа на водителката Робин Робертс дека долго време се обидувала да ја прикрие својата состојба.

„По породувањето, пред седум години, се појавија посилни симптоми, тогаш не знаев за што точно станува збор и се обидував да направам сè за да изгледам нормално. Пиев алкохол и земав апчиња за болка, но по некое време тоа не помагаше. “, призна таа пред гледачите, додавајќи дека се кога им пожалила на лекарите за силната болка, тие сметале дека е поради „исцрпеност од загриженост за бебето“.

GOLD
To Top