Новости

Шоубиз

Австралиски новинар доби двонеделна суспензија поради тоа што не го слушнал албумот на Адел

Познатиот австралиски водител Мет Доран упати јавно извинување до британската пејачка Адел бидејќи пред неколку дена се посрамоти кога призна дека не го слушал нејзиниот нов албум.

Доран ова признание и го испрати на пејачката за време на интервјуто што го направи со неа. Адел беше видно разочарана, па водителот доби двонеделна суспензија од медиумската куќа во која работи.

Кога се вратил на работа, морал јавно да и се извини на пејачката.

„Ова е приказна која доведе до потсмев од целиот свет, но да бидам искрен, јас го заслужувам тоа“, ја започна својата презентација Мет, додавајќи:

,,Направив голема грешка. Интервјуто со Адел беше привилегија во мојата кариера. Претпоставував дека не треба да го слушам албумот пред интервјуто бидејќи требаше да се емитува пред да излезе. Не бев целосно свесен дека добив преглед на нејзиниот албум по е-пошта. Го пропуштив најважниот мејл во мојот живот“, призна водителот.

За време на контроверзното интервју, Адел наводно го прашала водителот дали го слушал нејзиниот албум, а неговиот негативен одговор ја налутил. Сепак, Мет ги негира изјавите на некои медиуми дека пејачката го напуштила интервјуто.

Евротип
SNBROKER
To Top