Новости

Шоубиз

Актерката Ен Хеч во критична состојба по несреќата: „Не се очекува да преживее“

Американската актерка Ен Хеч е во критична состојба по минатонеделната сообраќајна несреќа во Лос Анџелес и „не се очекува да преживее“, пишуваат американските весници.

Актерката се здобила со „тешки повреди на мозокот“ во несреќата, се вели во соопштението за печатот објавено од агентот на 53-годишната актерка во четвртокот, а пренесено од медиумите.

„Одамна одлучила дека ќе ги донира своите органи и лекарите ја одржуваат во живот за да утврдат дали се погодни за донација“, се наведува во текстот.

Во соопштението за печатот, исто така, се заблагодарува за изразите на поддршка испратени до Ана Хеч и медицинскиот персонал кој ги лекуваше нејзините изгореници во болницата Вест Хилс, на северот на Лос Анџелес.

„Ана имаше големо срце и ги освои сите што ги сретна со своето благородништво“, се додава во соопштението за печатот.

„Таа веруваше дека ширењето љубезност и радост е најважната задача во нејзиниот живот, поважна од нејзиниот исклучителен талент“, продолжува во соопштението, во кое се нагласува дека сите „ќе ја паметат по нејзината храброст и чесност“.

Актерката е во кома од несреќата на 5 август кога со својот автомобил удри во двокатница во населбата Мар Виста, „предизвикувајќи штета на зградата и голем пожар“, соопштија пожарникарите од Лос Анџелес.

Педесет и девет пожарникари го гаснеа пожарот цели 65 минути, додава истиот извор.

Полицијата во Лос Анџелес во соопштението објавено во четвртокот соопшти дека ќе спроведе тест на крвта на Хеч и дека истражителите „ќе го предадат случајот на соодветните судски органи“. Од полицијата сепак не соопштуваат дали случајот ќе заврши на суд.

Истиот ден локалните медиуми пишуваа дека првите анализи на крвта покажале присуство на наркотици во крвта. Но, мора да се направат други анализи за да се утврди дали позитивниот наод може да е поврзан со некој медицински третман.

Според TMZ, интернет портал кој ги следи познатите личности, цитирајќи неименувани полициски извори, Хеч била позитивна на кокаин и фентанил, силен синтетички опиоиден аналгетик кој се користи во некои третмани.

Ен Хеч глумеше во голем број филмови во 1990-тите, вклучувајќи ги „Шест дена, седум ноќи“ и „Дони Браско“. Позната е и по улогата во сапуницата „Друг свет“, за која во 1991 година беше наградена со Еми.

Во 1990-тите таа беше во врска со водителката Елен Деџенерис, што беше будно следено од медиумите.

Евротип
SNBROKER
To Top