Новости

Шоубиз

Актерките од ,,Сексот и градот” ќе заработат повеќе од 10 милиони долари за новата сезона на култната серија!

Култната серија ,,Сексот и градот” започна со снимањето на продолжението од истоимената приказна. А кога сме кај приказната, се открија детали дека во новите епизоди ќе се спомене пандемијата на коронавирусот.
Секако градот во кој Кери, Миранда и Шарлот ќе ни раскажат што сега се случува со нив е Њујорк, а Сара Џесика Паркер не можеше, а да не ја сподели возбудата, па фотографијата ја пушти во етер каде позира заедно со нејзините колешки Синтија Никсон и Кристин Дејвис.
Се уште не знаеме што ќе се спомене дека се случило со Самнта Џоунс од приказната, а актерката што ја толкуваше нејзината улога јавно го одби снимањето, а озборувањата тврдат дека зад сето тоа е лошиот однос на актерката со Паркер, па така Ким Катрал во една пргода рекла:,,…Едноставно, таа можеше да биде пољубезна!” Која е вистината и кој тука е всушност злобниот, сеуште не се знае, но овие гласини можат лошо да влијаат врз гледаноста на серијата. Сепак на Сара, Синтија и Кристин веројатно тоа и не им е баш важно. А што да им е кога од секоја епизода тие ќе заработат повеќе од милион долари по епизода, што значи повеќе 10 милиони долари за целата сезона!

СН Брокер
To Top