Новости

Шоубиз

Актерот кој ја играше улогата на Рос од „Пријатели“, ги откри деталите кога ќе започне снимањето на серијата

Aктерот кој ја играше улогата на Рос во култната серија „Пријатели“, откри дека снимањето на продолженијата од истата, започнуваат во април.

Помина точно една година откако за првпат беше објавено дека екипата од серијата повторно ќе се собери за да оствари продолженија, а денес Дејвид ги откри новите информации во шоуто на Енди Коен.

„Всушност, за нешто повеќе од еден месец, одам во Лос Анџелес, каде започнуваат снимањата“, рече актерот и додаде: „Инаку, конечно сфативме начин за безбедно снимање, па се договоривме да има сцени што ќе ги снимаме надвор, на отворено поради безбедносните протоколи“, додаде тој.

GOLD
To Top