Новости

Шоубиз

Актерот Реј Лиота кој синоќа ненадејно почина, ќе го паметиме по маестрално одиграни улоги

Американскиот актер Рејмонд Ален Лиота почина вчера на 67-годишна возраст. Лиота починал во сон во Доминиканската Република, каде што го снимал „Опасните води“, изјави неговиот агент.

Роден е во Њу Џерси на 18 декември 1954 година, а бил посвоен шест месеци откако бил оставен во сиропиталиште. Неговата филмска кариера траела четири децении.

Светската публика за неговиот талент дозна кога на Реј несомнено му се птворија вратите за да направ светла актерска кариера со улогата на мафијашот Хенри Хил во легендарниот криминалистички филм Goodfellas (1990), во режија на Мартин Скорсезе.

 

Лиота глумеше со Роберт де Ниро и Џо Пеши во филм кој нашироко се смета за еден од најдобрите филмови на 20 век. Инаку, итиот освои еден Оскар и беше номиниран во пет други категории.

Актерот чиј живот згасна синоќа, има одиграно значајни улоги во The Marriage Story, New York Mafia Saints, Dream Field, Land of the Cops, White Dust, John Kew, Kings of the Street, како и во сериите Shades of Blue, Our Family Honor, Smith…

Реј Лиота и е многу добро познат на помладата публика како гласовен актер, бидејќи му го позајмува гласот на гангстерот Томи Версети во видео играта Grand Theft Auto: Vice City, а исто така му го позајми гласот на еден лик во анимираната серија SpongeBob SquarePants.

Евротип
SNBROKER
To Top